СИНПЕКС на Тракторијада во Могила

0
1120

Како компанија која успешно опстојува веќе 25 години СИНПЕКС од Битола денеска со свој штанд на Тракторијадата во Могила. Пред земјоделците од Пелагонискиот регион го претставија новиот трактор на Џондир 105 ЕМ кој привлече големо внимание кај присутните земјоделци

sinpeks

– Денес сме тука на Тракторијадата во Могила да го претставиме нашиот нов модел на трактор Џондир 105 ЕМ. Покрај Џондирот тука ни е изложен и модел на Тафе трактор кој што е најпродаван во Македонија, изјави Иванчо Стаматовски, СИНПЕКС-Битола

Од своето основање во 1990 година СИНПЕКС дејствува во полето на застапување, продажба и сервисирање на широк спектар на земјоделска механизација и машини за општа примена .Денес СИНПЕКС претставува синоним за работа со машини.

dzondir sinpeks

Полето на дејствување било проширено на повеќе сегменти како што се градежни машини, шумарски машини, индустриска опрема и машини за манипулацја. Она што ги правело различни од конкуренцијата е квалитетни производи, по пониски цени и секако услугата кон клиентите, вели Стаматовски

Од почетокот до денес нивно уверување било дека со континуирана и напорна работа , насочена кон нивните купувачи и комитенти успеале да напредуваат сите овиe години.