СИНПЕКС со свој штанд на Преспанскиот јаболкобер

0
1813

Од своето основање во 1990 година СИНПЕКС дејствува во полето на застапување, продажба и сервисирање на широк спектар на земјоделска механизација и машини за општа примена . Работата во овој сектор претставува фамилијарна традиција долга повеќе од 40 години , и знак по кој што ги препознаваат илјадници корисници на ваква опрема ширум Р.Македонија. Оваа година СИНПЕКС слави 25 години постоење. Вчера на јаболкоберот со свој штанд ги претсавија своите производи

-СИНПЕКС веќе години наназад со свој штанд ги претставува своите производи на Преспанскиот јаболкобер. Тука денеска е ТАФЕ тракторот како најпродаван во Македонија и секако ЏОНДИР како број еден во светот на механизацијата, изјави Синиша Петровиќ, СИНПЕКС-Битола

SINPEKS

Денес СИНПЕКС вели Петровиќ претставува синоним за работа со машини. Полето на дејствување било проширено на повеќе сегменти како што се градежни машини, шумарски машини, индустриска опрема и машини за манипулацја.

Целта на СИНПЕКС вели Петровиќ е корисникот да добие максимални услуги за вложените средства .Од почетокот до денес нивно уверување е дека со континуирана и напорна работа , насочена кон нивните купувачи и комитенти успеале да напредуваат сите овеи години.

По повод 25 години постоење СИНПЕХ на најмалдите посетители на нивниот штанд им додели топки, се во духот на кошарката. Петровиќ со најава дека и натаму ќе продолжат со иновации во сите нивни сегменти и со нови идеи и согледувања .

 

Без коментари

LEAVE A REPLY