Сириецот Ал-Бакр се самоубил во затвор

0
160

Осомничениот за тероризам Џабар ал-Бакр, кој беше фатен благодарение на тројца негови сонародници, се самоубил во затворот во Лајпциг. Полицијата бара расчистување на случајот.

Министерството за правда на германската покраина Саксонија соопшти дека Џабер ал-Бакр се самоубил вчеравечер, околу 21 часот, во затворот во Лајпциг. Според информации на АРД, осомничениот терорист се обесил во ќелијата. Детали за случајот се најавени за денеска, на прес-конференцијата на министерот за правда на Саксонија, Себастијан Гемко.

Бранителот на Сириецот изјави дека самоубиството предизвикува „шок и ужаснатост“. Александер Хибнер за ВДР5 рече дека затворските службеници „уште во понеделникот“ знаеле за лабилната состојба во која се наоѓа Сириецот. Ал Бакр стапил во штрајк со глад.