Сирија:Курдите ја презедоа контролата врз важен граничен премин

0
130

Курдските борци во понеделникот вечерта од џихадистите на Исламсата држава ја презедоа контролата над граничниот премин меѓу турскиот град Акчакале и сиријскиот Тал Абјад, јави АФП.

Борците на единиците за заштита на народот (YPG), чии сили во понеделникот го пресекоа клучниот правец за снабдување на џихадистите помеѓу Тал Абјад и нивното упориште Рака, ги зазедоа во предвечерието позициите во сиријскиот дел од граничниот премин.

Втор ден по ред најмалку 3.000 Сиријци, кои бегаат од борбите околу Тај Абјад, добија дозвола од турските власти да ја минат границата на преминот Акчакале и да влезат во Турција.

Се проценува дека од минатата недела на ова подрачје околу 20.000 Сиријци ја минале турската граница.