Сиријски бомбаш самоубиец се разнесе во Истанбул

0
373

Сиријски бомбаш самоубиец детонираше бомба во историскиот дел на Истанбул во областа Султанахмет што е популарен меѓу туристите, при што загинаа најмалку 10 луѓе, а 15 беа повредени, соопштија турските власти. Турскиот премиер Ахмет Давутоглу изјави дека групата Исламска држава е одговорна за нападот.

Давутоглу рече дека Турција е решена да се бори против ИД сe додека таа веќе нема да биде закана за земјата и светот.
Вицепремиерот Нуман Куртулмуш рече дека бомбашот бил 28-годишен Сириец, а во тек е истрага за неговите врски. Не беше познато дали меѓу десетмината загинати се смета и бомбашот.
На пресконференција во Берлин, Меркел рече дека меѓу загинатите најверојатно се Германците кои патувале заедно во група.
“Денес погоден е Истанбул; претходно беше погоден Париз, беше погоден Тунис, беше погодена Анкара”, рече Меркел. “Меѓународниот тероризам уште еднаш го покажа своето сурово и нечовечно лице.”
Екплозијата, што можеше да се слушне во неколку области, се случи во парк каде е сместен споменикот обелиск, што се наоѓа на околу 25 метри од познатата Сина џамија. Турската новинска агенција “Доган” соопшти дека меѓу поведените биле еден жител на Норвешка и еден жител на Перу, Министерството за внатрешни работи од Сеул во текстулана порака соопшти дека еден жител на Јужна Кореја имал повреда на прстот.