Сириската армија најверојатно со целосна контрола врз Алепо

0
419

Сириската армија и нејзини сојузници презедоа целосна контрола врз сите окрузи на Алепо откако бунтовниците се повлекоа од градот, изјави неименуван извор од сириската армија.

Одбраната на бунтовниците вчера била пробиена, што овозможило напредување на сириската армија во повеќе од половината преостанати делови на Алепо што беа под контрола на бунтовниците и доведе до повлекување на бунтовниците во неколку окрузи на западниот брег на реката.

Сириската армија и нејзини сојузници се пред прогласување победа во Алепо, изјави денска извор од сириската армија за западни медиуми откако бунтовниците се сведени на мала територија што постојано е гранатирана.

– Борбите во источно Алепо треба брзо да бидат завршени. Бунтовниците немаат многу време. Или ќе мора да се предадат или ќе загинат, изјави генерал Заид ал Салех началник на безбедносниот комитет на владата за тој сириски град.

Без коментари

LEAVE A REPLY