Сириската армија прогласи офанзива за Алепо

0
190

Алепо во северна Сирија е поделен град. На исток бунтовниците, на запад армијата. Сега владата во Дамаск сака да ја стави под своја контрола целата метропола и објави офанзива. Најголеми страдалници притоа се цивилите.

Операцијата, за повторно освојување на источниот дел на Алепо, веќе започна се вели во соопштението на сириската влада кое го пренесе државната новинска агенција Сана. Цивилите во источниот дел на градот, треба да ги избегнуваат местата на кои се засолнети „терористите“, известија државните медиуми повикувајќи се на армијата. Сириската влада и бунтовниците ги означува како терористи. Армијата порача дека отворени ќе бидат оставени коридори за бегство, кои истотака можат да ги користат и бунтовниците. Дали прогласената офанзива вклучува напад и на копнените трупи, досега не е јасно.