Сириската опозиција ќе го почитува привременото примирје

0
322

Главните групи од сириската сунитска вооружена опозиција изјавија во средата вечерта дека ќе го почитуваат привременото двонеделно примирје во Сирија според руско-американскиот предлог кој го прифати и владата во Дамаск и треба да стапи на сила од полноќ од петок кон сабота.

„Високиот комитет за преговорите (HCN) смета дека привременото примирје од две седмици би претставувало можност за проверка на сериозната на другата страна“, владата на претседателот Башар ал-Аад, се наведува во текстот објавен по средбата во Ријад на водечките членови на комитетот во кој се наоѓаат главните опозициски партии и политиките и вооружените бунтовнички движења во Сирија.

Овој прекин на огнот нема да се однесува на џихадистичките сунитски групи како Исламската држава и Џебхат ан-Нусра, сириското крило на Ал Каеда, како и некои други групи кои се на листата терористички организации на Обединетите нации.

Прекинот на непријателствата ќе се применува на учениците во сирискиот конфликт кои се изјаснија дека ќе ги почитуваат и применуваат точките од договорот, се наведува во американско-рускиот предлог. Тие страни до 26-ти февруари во 12 часот по локално време, или 11 часот по средноевропско време, треба да ги известат САД и Русија дали се согласуваат со договорот.

Високиот комитет за преговорите наведува дека жали што во американско-рускиот предлог не се прецизираат јасно областите кои не се зафатени со прекинот на огнот.

Владата во Дамаск во вторникот објави дека се согласува со примирјето, но дека ги продолжува воените операции во борбата против Исламската држава, Џебхат ан-Нусра и другите терористички групи со кои се поврзани.

Сунитската вооружена опозиција која ја поддржува Западот и другите регионални сунитски земји, стравуваат дека владата во Дамаск ќе го искористи примирјето да се концентрира на напади во области како Идлиби и Алепо, каде што тие соработуваат со џихадистите од Џебхат ан-Нусра./крај/мф/сн