Сириската опозиција одбива соработка со Москва

0
224

Сириската опозиција, која ја помага Западот, го отфрлила предлогот на Москва да им помогне во борбата против терористичката група Исламска држава, а не го прифатила ни предлогот на Москва за одржување нови избори.

Русија ја бомбардираше Слободната сириска војска (ФСА) и сега сака со нас да соработува и притоа да остане ангажирана на страната на Башар Ал Асад? Ништо не разбираме“, изјави полковникот Ахмад Сауд, портпарол на 13-тата дивизија на ФСА, коалиција на опозициски групи кои се борат и против власта и против ИСИС.

Москва на 30 септември почна воздушни напади во Сирија со тврдење дека сака да ги уништи Исламска држава и „останатите терористички групи“. Но прозападната „умерена“ опозиција тврди дека всушност целта на руските воени акции е да се задржи Асад на власт, а не да се поразат милитантите на ИСИС.

„Наместо да зборуваат за тоа дека сакаат да ја поддржат Слободната сириска армија, Русија треба да престане да ја бомбардира“, изјави Самир Насхар, член на Сирискиот национален совет кој ја обединува сириската опозиција во егзил.

Според него, дури 80 отсто од руските воздушни напади се насочени против ФСА.

Без коментари

LEAVE A REPLY