Сириската војска целосно ја контролира Палмира

0
377

Силите на владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад со поддршка на руската авијација ја презема во неделата целосната контрола над древниот град Палмира откако од него ги протера џихадистите на Исламската држава што претставува симболична но и стратешка победа за Дамаск.

„По жестоките судирите во текот на измината ноќе, војската потполно го контролира градот Палмира, вклучително и древната знаменитост и истоимената станбена населба. Џихадистите се повлекоа од таму“, изјавил воен сириски извор за француската новинаска агенција AFP.

„Денеска утрото уште се водеа борби. Меѓутоа, терористите коишто беа останати во градот се ликвидирани. Уништени се последните џебови“, изјавил за руската агенција РИА извор од штабот за операцијата за освојување на Палмира.

Според него, борците на Исламската држава кои останале во Палмира продолжиле да даваат отпор во областа на аеродромот и во центарот на градот. Нивната задача била да го овозможат повлекувањето на главнината од џихадистичките сили.

„Милитантите кои останаа во градот беа бомбаши самоубијци и даваа силен отпор, но сите се уништени“, рекол соговорникот на агенцијата,

Палмира е една од шесте локации од светското културно наследство на човештвото на списокот на УНЕСКО во Сирија, а Исламската држава го зазема градот во мај годинава. Пред повлекувањето од градот, сириската армија го евакуираше најголемиот дел од артефактите од централниот музеј во Палмира. По заземањето од џихадистите, според очевидци, минирани се сите објекти на локалитетот, меѓу другото и големиот антички амфитеатар, кои постепено се уриваа.

Сириската армија која на теренот ја помагаат локалните милиции, шиитското либанско движење Хезболах, доброволци од Ирак и Иран, како и инструктори за специјалните сили од Иран и од Русија, а од воздух ја има поддршката на руската авијација, на 7-ми март започна офанзива, и влезе во Палмира во четвртокот и во петокот кога веќе беа објавени првите снимките од градот од кој се потиснуваат борците на Исламската држава.

Без коментари

LEAVE A REPLY