Сириски азилант со мачета на улица уби жена

0
286

Маж за кој се наведува дека е 21-годишен барател на азил од Сирија со мачета уби жена и повреди уште две лица во неделата во местото Ројтлинген, во федералната земја Баден-Витенберг, објави полицијата додавајќи дека напаѓачот е уапсен.

Нападот, во кој покрај жртвата се повредени уште маж и жена, се одиграл пред киоск за ќебапи, пишува весникот Bild.

Извршителот од претходно ѝ бил познат на полицијата. Нападот се случил на автобуската постојка, а му претходела препирка, прецизира полицијата во соопштението.

„Според сознанијата до овој момент, нема причина да се зборува за терористички чин“, се додава во полициското соопштение.

Засеа не се достапни никакви поединости за напаѓачот, како ни мотиви за неговиот чин. Тој бил совладан од полицијата по неколку минути.

Баден-Витенберг е трета по големина германска сојузна покраина.

Нападот во Ројтлинг доаѓа само два дена по масакрот во Минхен, кога 18-годишен тинејџер од иранско потекло уби девет и рани 16 лица, како и нападот од вторникот со секира и нож што го изврши 17-годишен бегалец од Авганистан кој во воз во јужна Германија рани пет лица./крај/мф/сн