Сириските бунтовници собориле руски хеликоптер, Москва во Сирија носи С-300

0
531

Сириските сунитски бунтовници кои ги подржува Западот и Турција со ракета уништеле руски хеликоптер кој бил во спасувачка мисија во покраината Латакија, објави опозициската Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR) со седиште во Лондон, а руското министерство за одбрана соопшти дека хеликоптерот бил погоден, а притоа загинал еден руски маринец поради што Русија ги групира силите во споменатата област и предупредува дека ќе уништи сé што ќе го смета за потенцијална закана.

Бунтовничката група која е вооружена со американски ракети „Tow“ тврди дека нејзините припадници во лет погодиле руски хеликоптер со противтенковска граната. На видео снимка објавена подоцна, чија автентичност не е потврдена, се гледа како друг бунтовник го разнесува хеликоптерот со уште една ракета.

SOHR, вели дека во хеликоптерот имало десет лица кои успеале да побегнат пред да биде разнесен.

Хеликоптерот од типот „Ми-8“, кој бил ангажиран во спасувачка мисија во Сирија бил погоден при што еден припадник на поморската пешадија е убиен, изјави началникот на операциите на рускиот Генералштаб, генерал-полковникот Сергеј Рудскиј. Тој потврдил дека леталото подоцна е уништено.

Во спасувачката операција на местото на приземјување на руските пилоти од претходно соборениот „Су-24“ учествувале два хеликоптера „Ми-8“

„Во текот на операцијата еден од хеликоптерите бил оштетен од оган од лесно оружје и извршил принудно слетување на неутрална територија. Еден поморски пешадинец загина“, изјавил Рудској.

„Во областа во која дејствува руската авијација се изведува операција на сириските владини војски за уништување на терористичките групи во коишто според нашите процени се концентрирани повеќе до 1.000 милитнати кои потекнуваат од Северен Кавказ“, посочил Рудској.

Според него ниедна од партнерите од земјите коишто учествуваат во борбата против Исламската држава не известил дека во споменатата област се активни сили на ткн „умерена опозиција“ и дека таа област не треба да се бомбардира. „Напротив, тие области на сите им се познати како територии под контрола на најрадикалните групи“, рекол рускиот генерал.

Според Рудској, рускиот Генералштаб презема дополнителни мерки да се осигури безбедноста на руската воздухопловна база. „Прво, сите активности на ударната авијација ќе бидат извршувани под закрила на борбени авиони. Второ, се преземаат мерки за зајакнување на противвоздушната одбрана. За таа цела крстосувачот ‘Мосвка’, засилен со системот ‘Форт’ (поморска варијанта на С-300), ќе заземе позиција крај брегот на Латакија““, прецизирал.

Рудској притоа предупредил дека „сител цели, коишто претставуваат потенцијална опасност ќе бидат уништени“ и оти договорот за воени контакти со Турција ќе биде прекинат./крај/мф/сн