Сириските сили ја вратија контролата во област во Алепо

0
167

Сириските владини сили презедоа важна област од бунтовниците во источниот дел на Алепо. Државните медиуми јавија дека сириските сили имаат “целосна контрола” на Ханано и оти областа се расчистува од мини и бомби. Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон потврди дека владините сили ја контролираат населбата, посетувајќи дека Ханано паднал во рацете на бунтовниците во 2012 година. Во владината офанзива за повторно заземање на источниот град Алепо загинаа 212 цивили, соопшти опсерваторијата.

http://www.slobodnaevropa.mk/