Сириските владини сили презеле над 70% од источно Алепо

0
184

Сириските владини сили и милициите кои во сојуз со нив вчера го презедоа од бунтовниците квартот Шаар во централниот дел на Алепо.

Со тоа владините сили си обезбедија контрола врз три четвртини од енклавата под опсада, помалку од две недели откако почнаа копнена офанзива, соопшти сириската армија, цитирана од АП.

Бунтовниците се повлекоа од Шаар поради масовното бомбардирање на провладините сили кон квартовите Марџех и Маади, соопшти за АП локален активист со име Махмуд Раслан. Неколку вооружени мажи загинале.

Државната новинска агенција Сана соопшти дека владата го зазела целиот кварт, како и квартовите Катарџи и Карм ал Дада.

Според информација на армијата, превземени се околу 73 проценти од територијата во источно Алепо, која беше под контрола на бунтовниците. Се смета дека површината на енклавата е околу 45 квадратни километри.