Сириските воени сили почнаа голема копнена офанзива

0
3633

Сириската армија почнала голема офанзива, чија цел е преземање неколку клучни града и региони од терористичките сили.

Владините сили „ја подготвувале иницијативата неколку години“, рече генералот Али Абдула Ајуб, шефот на сирискиот Генералштаб, најавувајќи ја офанзивата. „Воздушните напади на руските воздухопловни сили ја намалија способноста на меѓународната терористичка организација Исламска држава и на другите групи“, рече генералот.

Претходно локалните медиуми објавија дека владините сили се распоредени во неколку сириски провинции во најголемата офанзива што се одвива во Хама, на 200 километри северно од главниот град, Дамаск. Либанската телевизија Ал Манар изјави дека сириската армија во Хама вчера напредувала околу 50 километри, при што зазела повеќе градови и стратегиски важни планински упоришта од милитантите на Ал Нусра фронт, разгранок на Ал Каеда во Сирија, и други терористички групи што работат во областа.