„Систина Офталмологија“ и во Битола

0
2623

Согласно својата стратегија а во интерес на жителите од Битола, Ресен, Прилеп и околните градови „Систина Офталмологија“ сега со свој центар и во Битола. „Систина Офталмологија“ во Македонија постои од 2010-та година, и е првата очна болница која дијагностички и хирушки ги третира сите проблеми со видот и очите, со примена на индивидуален пристап.-Во 2015-та година, преку партнерството со најголемата универзитетска клиника „Свјетлост“, Загреб, технолошки го надградивме и зголемивме обемот на своето работење преку отворање на Одделот за рефрактивна хирургија со што овозможи решавање на сите проблеми со видот и кај оние пациенти кои сакаат повисок стандард, квалитет и комфорт во своите животни навики.
Последователно, како дел од нашата развојна стратегија, отворивме дијагностички центар и во Битола така што овозможивме нашите услуги да бидат достапни и за граѓаните на Битола, Прилеп, Ресен и околните градови. Довербата на пациентите во нашата клиника, кои се од овие подрачја е всушност причината поради која ние сме тука.“- вели д-р Александра Гочева Јерчиќ, спец. офталмолог од „Систина Офталмологија“.
Од „Систина Офталмологија“ велат дека инвестираат во едукација на амбициозни доктори со тоа што им овозможуваат специјализација во европските очни центри, кои своето знаење, понатаму ќе го пренесуваат  во нашата земја.На 04.11.2017, „Систина Офталмологија“ го организираше регионалниот офталмолошки симпозиум „Новитети во офталмологијата“, акредитиран од Лекарската комора на Македонија на кој беа презентирани новите техники, од 2017 година, кои се применуваат во „Систина Офталмологија“ во третманот на катаракта, аблација на ретина, корекција на диоптрија, кератоконус и страбизам. Воедно, беше дискутирана и потребата од меѓусебна соработка на докторите од различни области, за да се овозможи интегрален пристап при решавање на очните состојби и целокупната грижа на здравјето на пациентите во Македонија.