Сите хумани на дело

0
324

Денес, по шестти пат, сe одржа хуманитарна акција за дарување на крв во организација на општинската администрација заедно со спортистите, како пример на здрави и хумани млади луѓе. Од минатата година, во акцијата се вклучуваат и спортските новинари.

Во првопријавените хуманисти се спортистите од највисоките првенствени лиги од колективните спортови: кошарка, фудбал и ракомет, како и спортисти и спортски новинари кои се веќе препознатливи по нивното учество од минатите акции и континуирано ја покажуваат својата посветеност. Токму тие беа инспирација за денешниот слоган ХУМАНОСТ НА ДЕЛО кој ја одразува нивната докажаност која иако на почетокот беше иницирана од нас, сега овој настан за наше големо задоволство станува нивна сопствена иницијатива која ќе трае“ – изјави Гордана Цветковска Бошевска одговорна за спорт во Општина Битола.

Хуманитарната крводарителска акција, локалната самоуправа и спортистите ја организираат од 2014 година, со реализирање на две вакви акции годишно.