Сите отворени прашања на маса во Пржино

0
432

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан ги почна разговорите со лидерите и пореговарачите за спроведување на  договореното во Пржино. Хан повеќе од 6 часа е во резиденцијата на ЕУ, а со него се и медијаторот во преговорите Петер Ванхауте, како и амбасадорскиот двоец Бејли и Орав. Во резиденцијата се очекуваат уште Груевски и Ахмети и нивните преговарачи. Заев и Тачи се таму заедно со нивните тимови.

Се очекува преговорите да траат цела ноќ,  а од нив да произлезе деблокирање на разговорите, влегување на изборните реформи со собраниска процедура, избор на компетниот тим на специјалното обвинителство и договор за новите министри и заменици – министри.

Дека еврокомесарот дошол подготвен за целовечерни преговори сведочи и неговиот билет кој е резервиран за пет часот наутро.