Сите прволигашки и второлигашки мечеви овој викенд, без присуство на публика

0
177

Сите натпревари од 31 коло на Првата македонска фудбалска лига и 26 коло на Втората фудбалска лига ќе се играат без присуство на навивачи во закажаните термини на 16 и 18 мај, одлучи ФФМ. Ова одлука ФФМ ја донесе на препорака од Министерството за внатрешни работи. Исто така има промена и на локацијата, па така средбата меѓу Вардар и Ренова која првично требаше да се игра на комплексот на ФФМ, ќе се игра на арената „Филип Втори“ во Скопје, додека мечот Работнички – Шкендија од 16:30 во сабота ќе се игра споменатиот терен на ФФМ.