Ситуацијата на Рохингите во Мјанмар е катастрофална

0
194

Обединетите нации во Њујорк изразија „голема загриженост“ поради употребата на „прекумерно насилство“ во воените операции против малцинството Рохинга. Во изјавата на Советот за безбедност 15-те земји членки бараат и пристап за хуманитарните организации до луѓето кои се во нужда.

Ова е прво изјаснување на Советот за безбедност во врска со конфликтот во Мјанмар. Се расправаше зад затворени врати. Етиопскиот амбасадор во ОН, Текеда Алему, кој во моментот е претседавач со СБ, изјави дека имало „многу широка размена на мислења“.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш го зацврсти обвинувањето на комесарот за човекови права Зеид Ра-ад Ал Хусеин, кој оцени дека нападите на армијата се „параден пример за етничко чистење“.