Ситуацијата во Македонија бара брза реакција

0
189

Шефот на француската дипломатија Лорен Фабиус изјави дека мигрантската криза во Македонија треба да се реши без натамошно одлагање. Тој вчера во Прага рече дека министрите за внатрешни и за надворешни работи на членките на Европската унија најверојатно ќе разговараат за мигрантите кои во голем број пристигнуваат во Македонија. Според Фабиус, тоа не е проблем само на Македонија. Околу 45 илјади мигранти кои бегаат од со конфликти зафатените земји во Азија и Африка минале преку Македонија во изминативе два месеца на нивниот пат кон Европската унија.