СЈО бара притвор за едно лице од „Транспортер“

0
1078

„ Во врска со предметот во јавноста познат како „Транспортер“  известуваме дека е донесена наредба за спроведување на истражна постапка против 1 (едно) лице поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело од чл. 353 ст 5 вв ст. 1, а вв. ст. 22 и 45 од Кривичниот законик, а поднесен е и предлог за определување на мерка притвор против истото лице. По однос на привремените мерки за обезбедување на имотноправно барање,  известуваме дека до Основен суд Скопје 1 Скопје е поднесен предлог кој беше вратен на доуредување, но ниту од Државното правобранителство ниту од Министерството за образование и наука сеуште не се доставени предлози за остварување на имотно правно барање, иако тоа од наша страна беше побарано“ информираат од Специјалното јавно онвинителство.