СЈО го чува влезот на Централниот регистар

0
444
Истражители и полициско обезбедување на Специјалното обвинителство се пред Централниот регистар. Сите влезови на Народна банка ги чуваат лица по наредба на Катица Јанева.
Информацијата ја потврдија од СЈО, од каде велат дека била издадена судска наредба уште пред истекот на работното време, со цел да се прибават одредени документи од Дирекцијата на Централен регистар.
Станува збор за можни докази во предистражна постапка, која за сега се чува во тајност. Од специјалното обвинителство посочија дека нема да ја напуштат зградата се до почеток на работното време утре за да не може никој ниту да внесе ниту да изнесе ништо од таму.
Од СЈО за 24 Вести објаснија дека специјалната обвинителка Јанева уште пред еден месец пратила барање да и се достават одредени документи, но барањето не било прифатено. Откако чекале 30 дена Централниот регистар да одговори , денеска решиле да побараат и судски налог кој бил одобрен доцна попладнево при што веднаш се упатиле кон зградата на НБРМ.

Без коментари

LEAVE A REPLY