СЈО го отвори случајот „Тортура“, за начинот на апсење на Љубе Бошкоски

0
570

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) на денешната прес-конференција открија дека е отворена нова истражна постапка под името „Тортура“. Со овој случај се покренува истрага против седумина обвинети, кои вршеле мачење и нечовечко однесување над лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошковски, на ден по изборите (6 јуни) 2011 година.

Според обвинителката Фатиме Фетаи, како првообинет е тогашниот директор на УБК, кој спремал оперативен план за лишување од слобода на Љубе Бошковски, а за тоа ги навел Алфите кон насилно постапување и душевсно страдање на бившиот министер за внатрешни работи. Станува збор за дело казниво по член 143 од Кривичниот законик, а се однесува на начинот на изведување на апсењето, а не на судската постапка.

Притвор не е побарано затоа што првоосомничениот поранешниот директор на УБК повеќе не е на функција. Осомничени се и специјални полициски службеници. За нив до судот е предложена мерка за претпазливост.

„Согласно доказите, прво осомничениот ги инструирал полициските службеници да ги пречекорат овластувањата и да употребат прекумерна сила со што предизвикале кај приведениот душевно страдање. Наредбодавателот издал наредба, а дел од осомничените го удирале по нозе и раце и викале ’Шефот рече 8 години затвор не ти бега’,  ’Бел ден нема да видиш’.. Потоа половина час е држен кај тоалетот , со што му нанеле душевно страдање. Тука има елементи и на дискриминација по политичка основа“, рече Фетаи.