СЈО и изборите повторно не се на дневен ред

0
438
????????????????????????????????????

Уставниот суд в понеделник ќе одржи седница на која и овој пат нема да се најде иницијативата за оценување на уставноста на специјалното јавно обвинителство. На дневниот ред, објавен на интернет-страницата на Судот, не е ставена ниту иницијативата на партијата УНИТЕТИ за оценување на законитоста и уставноста на одлуката за распишување на изборите.

Практика на Судот е седниците да се одржуваат во среда, но овој пат е закажана за понеделник, 31 октомври. Ова ќе биде последна седница со која ќе претседава судијката Елена Гошева. Од први ноември на претседателското место доаѓа судијата Никола Ивановски.

Без коментари

LEAVE A REPLY