СЈО издало налог за претрес и апсење на висок функционер на УБК

0
507

Специјалното јавно обвинителство издало наредба за претрес и барање за лишување од слобода на висок функционер на УБК. Овие барања СЈО ги поднело поради опасност од бегство, влијание на сведоци и уништување докази, како и опасност од повторување на делото, дознава 24 вести од сигурни извори во предистражната постапка. Истите извори велат дека околу 4 ипол часа го чекале кривичниот суд да одлучи и да издаде наредба за претрес во домот на функционерот во УБК, но судот не се согласил. Лицето се сомничи за три дела во врска со предметот со прислушувањето, односно опремата за прислушување.