СЈО ќе го објави четвртиот полугодишен извештај за сработеното

0
181

Специјалното јавно обвинителство денеска треба да го претстави извештајот од работењето за последните шест месеци пред пратениците на македонското Собрание.

Извештајот СЈО треба да им го предаде на претседателот на Собранието Талат Џафери и на претседателот на Советот на јавни обвинители, Коле Штериев.
Спикерот потоа Извештајот за работата на СЈО ќе може да го стави на собраниска седница, на која се очекува Јанева да презентира, но дали ќе има дебата меѓу пратениците се уште не е утврдено.