СЈО отвора нова истрага „Тврдина“

0
420

На денешната прес-конференција специјалната јавна обвинителка Катица Јанева соопшти дека СЈО отвора нов предмет под називот „Тврдина“, кој се однесува на заштита на приватноста со нелегално прислушување.

Истрагата опфаќа сегашни и поранешни фукционери.

Тројца осомничени се началници на оддели во УБК затоа што уништиле два система за следење на комуникациите, а осомничена и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловака.

Таа во првта половина на 2015 дозволила уништување на системи за следење на комуникациите како застарена опрема. Висината на материјалната ште се проценува на 10 милиони евра, јавува Телма.