СЈО побара замрзнување на имотот, кривичниот суд упатува на СЈО

0
879

Специјалното јавно обвинителство до Кривичниот суд во Скопје го поднело предлогот за определување на привремени мерки за обезбедување на имотноправното побарување против лицата осомничени во случајот „Транспортер“.

СЈО барало обезбедување на имотот на две физички лица и на четири правни лица, односно на имотот на фирмите што го организирале транспортот на ученици во Општина Битола.

Од кривичниот суд денеска се огласија со соопштение, во кое се вели:

„ Во врска со прашањата за замрзнувањето на имотот на одредени лица во предметот наречен „Транспортер“, од страна на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) до Основен суд Скопје 1 – Скопје поднесен е предлог за определување на привремени мерки за обезбедување на имотно правно барање против повеќе лица, односно две физички и четири правни лица согласно чл.118 и чл.120 од ЗКП, а во фаза на донесена наредба за спроведување на истражна постапка од страна на СЈО, по предлогот судијата на претходна постапка побара уредување од СЈО, во рок од осум дена во смисла на член. 120 ст.1 од ЗКП, така што СЈО да достави барање од оштетен спрема трето лице согласно законската одредба.

По ваквото барање, СЈО во предвидениот рок го извести судот дека врз основа на наведениот член како државен орган има обврска да бара заштита на имотно правно барање на Република Македонија, а дека јавниот правобранител е повикан од страна на СЈО да се произнесе на ден 28.04.2016 година, па го извести судот дека по произнесувањето на јавниот правобранител ќе го доуреди предлогот во смисла на чл.120 ст.1 од ЗКП, што до денес тоа не е сторено.

Од тие причини сите понатамошни прашања во врска со овој случај Ве упатуваме да ги насочите до СЈО“ стои во соопштението на кривичниот суд.