СЈО поднесува 17 обвиненија, за „Талир“ нема обвинение

0
719

Специјалното јавно обвинителство поднесува 17 обвиненија за 18 предмети против 94 физички и седум правни лица, соопшти Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Во врска со случајот „Талир“ кој се однесува на незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ Јанева рече дека засега нема обвинение, но истрагата продолжува.

„СЈО има капацитет и ќе продолжи преку независни истраги за предмети кои е надлежно за да создаде гаранции дека сторителите нема да останат неказнети“, рече Јанева.

Обвинениејата се спакувани во кутии и денеска ќе бидат испратени во Кривичниот суд.

Утре инаку истекува рокот во кој тимот на Катица Јанева може да покрене обвиненија пред судот, според Законот за СЈО.

24vesti.com.mk