СЈО сé уште не доставило мислење од Јавното правобранителство за „Транспортер“

0
647

Специјалното јавно обвинителство сé уште не доставило до Основниот суд Скопје 1 мислење од Јавното правобранителство за замрзнувањето на имотот на дел од осомничените во случајот „Транспортер“.

„Обвинителството за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникации (СЈО) до Основен суд Скопје 1 – Скопје во смисла на чл.120 ст.1 од ЗКП сé уште нема доставено барање од оштетен спрема трето лице согласно законската одредба“, соопштуваат од Судот.

СЈО поднесе предлог за обезбедување на имотно правно барање против повеќе лица, односно две физички и четири правни лица во случајот „Транспортер“.

Судот побара од СЈО да достави барање од оштетен спрема трето лице согласно законската одредба.

По ваквото барање, СЈО во предвидениот рок го извести судот дека врз основа на наведениот член како државен орган има обврска да бара заштита на имотно правно барање на Република Македонија, а дека јавниот правобранител е повикан од страна на СЈО да се произнесе на ден 28.04.2016 година, па го извести судот дека по произнесувањето на јавниот правобранител ќе го доуреди предлогот.