СЈО со жалба до Апелациониот суд за предметот „Титаник“

0
494

Специјалното јавно обвинителство поднесе жалба до Апелациониот суд на одлуката на Основниот суд Скопје 1, со која е одбиено барањето за притвор за осомничените во случајот познат во јавноста како „Титаник.“ Тоа значи дека СЈО се жали за неодредувањето притвор за обвинетите во случајот Никола Груевски, Мартин Протугер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска.

Во предметот „Титаник“ се обвинети поранешните функционери дека ги злоупотребиле изборите и гласањето за да победи одредена политичка партија.

Без коментари