СЈО влезе во битолската Клиничка болница

0
4646

Истражители на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) вчера влегле во битолската Клиничка болница и барале да им се достават на увид документи поврзани со тендери за набавки во болницата распишувани преку Министерството за здравство.

Од болницата велат дека биле истражители од СЈО и барале документи за тендери што беа распишани преку Министерството за здравство, како што тоа го правеле и низ други болници во Македонија во врска со тендерски постапки.