Скандал на директорот на стадионот на Зенит

0
407

Скандал го потресе рускиот Зенит Санкт Петербург. Директорот на стадионот “Петровски” Константин Анисимов, беше отпуштен поради кршење на правилата за акредитација во Лигата на Шампионите.

Конкретен повод е што портпаролот донел деца на работното место за време на натпревар од најкомерцијалниот турнир без да го информира раководството. Згора на тоа Анисомов ја напуштил кабината и им попречува во работата на луѓето кои биле дел од телевизискиот пренос.

„Несомнено тој е важна фигура, која создава атмосферата на стадионот но, тоа не значи дека трпението на клубот кон појавите на непрофесионалност ќе се толерираат”, изјави шефот на прес-службата на Зенит, Дмитриј Цимерман. Самиот Анисимов исто така не остана должен на поранешните работодавци и ги нарече „неписмени простаци“.