Скандал со прислушување ја тресе Албанија

0
414

Директорот на Албанската полиција  по барање на јавното обвинителство  и одлука на Судот во Тирана е разрешен поради незаконско прислушување, јави дописникот на Макфакс.
Директорот Хаки Чако е разрешен поради „злоупотреба на службената должност“, соопшти судот. Притоа по барање на Обвинителството , судот одреди куќен притвор за тројца високи функционери во  полицијата поради обезбедување на докази.

Државното јавно обвинителство ги презема сите потребни истражни активности за обезбедување на додатни докази соопшти претставник на институцијата.

„Директорот на полицијата Хаки Чако не ги има преземено потребните мерки во согласност со законот околу користењето на опремата за прислушување  која е донесена од Италија, заради обука на албански инспектори за одредени активности, а таа била злоупотребена за прислушувања надвор од законот“, се наведува во соопштението на јавното обвинителство.

Медиумите јавија дека во својот прв исказ директорот на полицијата демантирал дека опремата е злоупотребана и користена за прислушување.

Опозицијата побара  оставка на министерот  Саимир Тахири, кој застана на страна на заштита на директорот на полицијата, тврдејќи дека јавното обвинителство  не е во право бидејќи опремата не е злоупотребена. /крај/мн