Скандалот со „Панама документите“ е спонзориран од американската влада и Сорос како напад врз Путин

0
316

Претставници на Викиликс соопштија дека САД го финансирале скандалот предизвикан со објавувањето на документите на компанијата Мосак Фонсека, а кои сведочат за вмешаноста на светските лидери во офшор малверзации. Сепак, „тврдењата дека самите #PanamaPapers се ‘заговор’ против Русија се глупости“, додаде Викиликс на Твитер.

Објавувањето на „Панама документите“ претставува информациски напад врз Русија и Владимир Путин лично, пишува на сајтот Викиликс.

Сајтот на кој се објавуваат тајни документи преку својот профил на Твитер објави дека скандалот, предизвикан со објавувањето на документите на панамската адвокатска компанија со податоци за нелегални офшор компании и сметки, го организирал американскиот Центар за истражување на корупцијата и организираниот криминал (ОЦЦРО) во соработка со Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) и Соросовиот фонд.

„Нападот со „Панама документите“ (Panama Papers) врз Путин го организираше Центарот за истражување на корупцијата и организираниот криминал. Нападот е насочен против Русија и поранешната држава СССР и го спонзорираат Агенцијата на САД за меѓународен развој и Сорос“, се вели во соопштението.