Скапи чевли за мизерни плати произведени во Македонија

0
422

Милиони потрошувачи се убедени дека скапите чевли кои ги купуваат во продавниците се направени во Германија или во Италија, но всушност ги прават работници за ниски плати во источните држави на Европа, објавува британскиот угледен весник Гардијан. Како што наведува весникот, скандалот е откриен во истражување за европската индустрија за чевли, кое покажало дека чевлите кои се продаваат на британскиот пазар ги прават работници кои функционираат во шокантни услови.

Snap 2016-08-22 at 22.00.18

Според истражувањето, големите брендови ги означуваат своите производи дека се “произведени во Италија“ или „произведени во Германија“, за да укажат дека се квалитетни, а всушност се произведуваат од работници кои живеат во сиромаштија.

Освен Албанија, како пример се наведува и Македонија, каде дневницата за еден час изнесува 64 пени, а некои завршуваат во болница затоа што работат во фабрики каде смрзнуваат и работат со опасни хемикалии.

Snap 2016-08-22 at 22.00.51

„Ако треба работникот да заврши, на пример, 9.000 пара чевли, мора да се завршат дури и ако треба да умрат, се вели во извештајот под наслов Labour on a Shoestring.

Се обвинува дека една македонска фабрика, која произведува чевли, им плаќала нелегално на работниците плати од 131 евро месечно, а имале и прекувремена работа. Законскиот минимум е 145 евра, наведува Гардијан, кој потсетува дека чевлите се продаваат и во Велика Британија.

Во текстот се наведува дека производителите го злоупотребуваат правото да произведуваат делови од чевлите во еда земја, пред да ги извезат во економија каде има ниски плати. Таму чевлите се составуваат, а потоа се враќаат во оригиналната држава, без да се плати данок.
А таму се стават етикетите дека се произведени во таа земаја.

Се наведува дека работниците во Македонија и Албанија добиваат плати со кои неможат да ги прехранат своите семејства и дека јазот помеѓу минималната и дневната заработувачка е повисока од таа во Кина.

Извештајот го направиле истражувачи од повеќе групи за заштита на правата во Европа, врз основа на интервјуа со 179 работници во 12 фабрики. Во извештајот се критикува шемата за производство-ОПТ, која се нарекува „ќорсокак за работниците, националните економии и за бизнисот“.

Истражувачите откриле дека фабриките произведуваат чевли за светски брендови кои остваруваат масовен профит на грбот на сиромашните работници.

Извештајот го разгледувал производството во шест држави каде има ниски плати: Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Полска, Романија и Словачка.