Скијачкиот клуб Пелистер го означи својот нов почеток

0
4872

Скијачкиот клуб Пелистер го означи својот нов почеток со изборот на нов претседател, управен одбор и почеток на сезоната во која битолчани се активно во повеќе возрасни категории.

Новиот претседател Наум Симјановски верува дека има основа со добра организација да се врати стариот сјај на клубот кој со децении беше референца во нашата земја и пошироко.

Овој клуб низ годините дал многу државни шампиони, олимпијци, значајни спортисти и вистински личности. Нико Гемту, кој е е еден од прославените скијачи и вљубеници на планината од нашиот град го пофали изборот на новото раководство и ентизијазмот кој го донесоа најмладите на патеката крај Ниже поле.

Прекрасно изгледаше глетката со најмладите скијачи кои вчера имаа редовен тренинг на патеката во Ниже поле и нивната желба ветува подобри денови за СК Пелистер.

Годинава зимската сезона во нашата земја ќе заврши со пелистерскиот велеслалом на крајот од март, но тој ќе биде само од ревијален карактер и не е дел од офцијалниот карактер.