Склучен договор со Гранит за изградба на северната трибина на стадионот во Битола

0
1322

Склучен договорот за изградба на северна трибина како функционален дел од I фаза од градба на фудбалски стадион во локалитетот ,, Тумбе Кафе” – Битола, ваква објава има на страницата на Бирото за јавни набавки.

Договорот е склучен на 23.08.2016 година помеѓу Општина Битола како договорен орган и градежното друштво Гранит АД Скопје како носител на набавката.

Snap 2016-09-02 at 20.27.19

Добиени биле две понуди, а критериум за доделување на договор бил наниска цена.  Едната понуда била 318.680.813,60 денари, а другата  309.047.398,00 денари.

  
Snap 2016-09-02 at 20.27.49

На известувањето кое што е објавено на страницата на Бирото за јавни набавки стои дека времетраењето на договорот е 520 дена.