Сколари го наследи Канаваро во Гвангжу

0
135

Фудбалскиот клуб од Кина, Гвангжу Евергранде, во петокот објави дека Бразилецот Луис Фелипе Сколари е новиот тренер. Сколари потпишал две ипол годишен договор, а на клупата ќе го наследи Фабио Канаваро.

Гвангжу по 13 рунди во кинеската Суперлига се наоѓа на првото место, а истот така избори пласман и во четвртфиналето на Лигата на шампионите на Азија, но овие резултати не беа доволни Канаваро да остане во тимот.

Канаваро во Гвангжу, во декември минатата година, го наследи својот некогашен селектор Марчело Липи, кој со овој тим освои три титули во домашното првенство и една во Лигата на шампионите.

Гвангжу од 2010 година на засилувања потрошил околу 120 милиони долари, а во клубот играат двајца Италијанци и четворица Бразилци. Сколари претходно поднесе оставка во Гремио, поради лошите резултати. Екс селекторот на Бразил има искуство со фудбалот во Азија, бидејќи работеше во Јапонија, Кувајт, Саудиска Арабија и Узбекистан.