Скопските клубови „полни„ со битолчани, следен е Драгарски во Работнички?

0
109

Дефанзивецот кој потекнува од школата на Пелистер Христијан Драгарски е следниот кој може да се врати од странство и да се препознае во некој од домашните проекти. Фудбалерот на Конкордија е пред трансфер во победникот на Купот, Работнички, откако се ослободи од договорот со романскиот клуб. 23 годишниот Драгарски е беше стандарден младински репрезентативец на Македонија и може да игра на сите позиции во одбраната. Откако Вардар во неполна година доведе пет битолчани, сега Работнички ја зголемува својата битолска колонија. Алтипармаковски е еден од клучните фудбалери, минатата недела за дебармаалци потпиша Кире Ристевски од албанската Тирана, а следен е веројатно Драгарски.