Скоро 600 бегалци побарале азил во Србија

0
253

Во Србија 586 бегалци поднеле барање за азил и почнале постапка за добивање на азил.

Со затварањето на балканската рута околу 1.800 бегалци останале во Србија, но повеќето од нив не сакаат подолго да престојуваат во земјата. Од почетокот на годината 13 лица добиле азил. Неодамна тројца од Судан и еден од Авганистан добија азил, а се наоѓаа условно кажано меѓу оние 1.800 „заробени“ во Србија.

„Ние имаме прилично спора процедура за азил и се зависи од тоа дали има преведувач, дали треба да се најде, кога службениците од Канцеларијата за азил ќе го закажат барањето, кога ќе биде сослушувањето и тоа може да трае и повеќе од 5 месеци“-вели Радош Ѓуровиќ од Центарот за заштита и помош за баратели на азил.

Документи барателите на азил добиваат по неколку месеци кога ќе помине првото интервју, што го ограничува нивното движење.