Скршена коска на стапалото на Марк Гасол прерано ја заврши сезоната на Шпанецот

0
324

Марк Гасол, во вторникот на натпреварот со Портланд се здобил со фрактура на стапалото, а клубот сеуште не соопштил колку време Шпанецот ќе отсустува од терените.

Гасол е најдобриот играч на Мемфис, а во тековната сезона има просек од 16,6 поени и седум скокови по натпревар. Шпанецот на полетокот на сезоната потпиша нов петгодишен договор со Мемфис, кој ќе му донесе 90 милиони долари.

Марк Гасол има 31 година, во Шпанија играше за Барселона и Џирона,а во НБА лигата, пристигна како 48-ми пик на драфтот во 2008 година. Шпанскиот центар, минатата година, беше стартер петорка на Западната конференција, на Ол Стар натпреварот, нешто што претхдно не му успеало на ниту еден играч на Мемфис.