Слаб пласман на јајцата

0
470

Пад на извозот кај млечните производи и јајцата за скоро 50 % на вкупно 1,7 милиони евра, вака вели статистиката за првиот квартал годинава во споредба со ланската, според извештајот на Народна банка .Иако на почетокот од годината од Агенцијата за храна и ветеринарство информираа дека државата вложува напори да им помогне на живинарските фарми, па им дозволи извоз на производите освен во Србија, Косово и Црнагора , да можат да ги пласираат своите производи на европските пазари и на Блискиот исток , сепак статистиката вели дека нема резултат . Дека мака мачат со пласманот велат и фармерите

-Нема никаков пласман на јајцата надвор од нашите граници, ние работиме само со малопродажба, изјави Сашо Блажевски од живинарската фармал Лисолај-Белимост -Битола

Раст на извозот на храна за 17,7% повеќе од лани бележи првиот квартал годинава и истиот достигнал 66.3 милиони евра.
Според извештајот на Народна банка извозот на прехранбени производи во првите три месеци годинава е поголем за речиси 10 милиони евра.
Податоците велат дека извозот на овошје и зеленчук е зголемен за 60% или за 11,6 милиони евра односно на вкупно 32,2 милиони евра, а за 300 илјади евра е зголемен извозот на жита и преработки од жита на вкупно 14,7 милиони евра.
Во однос на месната индустрија пак Македонија извезла  месо и месни преработки во вредност од 8,5 милиони евра
Што се однесува на увозот најмногу прехранбени производи.
Во бројки тоа изнесува 126 милиони евра, од кои вкупно 19,7 милиони евра се од увозот на жита и преработки од жита, додека а од увозот на овошје и зеленчук се остварени вкупно 22,4 милиони евра.
Од месото и понатаму Македонија е зависник а бројките покажуваат дека во овој период во земјата се увезени во вредност од 24,6 милиони евра за месо и месни пререботки.