Слаткаристика настапи во ноќниот клуб Позитив

0
1189

Битолчани се забавуваа со настапот на Марко Слаткаристика во ноќниот клуб Позитив.

Овој концерт е дел од големата турнеја на Слаткаристика, насловена како EnergiS Tour. Слаткаристика летово може да го види и слушне неговата публика во над 20 градови низ Македонија.

Биточани заедно со Марко ги пееја неговите добро познати хитови меѓу кои и последниот “Оф Мори Мајко“.
Актуелна беше и соработката на Слаткаристика со бугарскиот рапер Јанг ББ Јанг, која кулминираше со објавувањето на спотот „Таа има маж“ објавен точно на Денот на жената.

После оваа соработка, Марко најави освојување на српската музичка сцена.