Славење и мобилизација на приврзаниците на Ердоган

0
245

По неуспешниот обид за воен пуч во кој загинаа вкупно 265 луѓе од двете страни, приврзаниците на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган остануваат мобилизирани, а илјадници минаа во саботата ноќта на улиците од Истанбул носејќи турски знамиња и славејќи ја победата над заговорниците, додека властите уапсија речиси три илјади осомничени пучисти.

Состојбата во Турција е под контрола, откако ноќта кон петокот во Анкара и Истанбул дојде до судири меѓу побунетите војници, од една страна, и единците верни на владата и повеќе десетици граѓани кои излегоа на улиците да ги заштитат институции и власта.

Црниот биланс од судирот не е мал за десетината часови колку што траеше обидот за воен преврат – 161 загинато лице и 1.440 ранети меѓу силите лојални на претседателот Ердоган и неговите приврзаници меѓу цивилите, додека според податоците на воените власти убиени се 104 бунтовници.

Ни сигнал делка состојбата е далеку од вообичаена во Турција, е тоа што и во неделата утрото бе затворени пристапите кон воздухопловната база Инџирлик, објавија САД кои поради тоа ги запреа воздушните операции против џихадистите на Исламската држава во соседните Сирија и во Ирак. Американските воени единици во Турција добија наредба да преземат максимални мерки за соја заштита.

Вкупно 2.839 војници се уапсени во врска со неуспешниот државен удар, изјави турскиот премиер Бинали Јилдирим, кој се закани дека „кукавиците ќе ги добијат казните што ги заслужуваат. Турција, каде што се уапсени двајца од 17-те уставни судии, побара од Грција да ѝ ги предаде осумте офицери и подофицери кои пребегнаа со хеликоптер.