Славниот актер Бруно Ганц доаѓа на „Браќа Манаки“

0
1435

Светски познатиот германски актер Бруно Ганц најеројатно ќе биде специјален гостин на годинашново издание на фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“.

Бруно Ганц стана светски познат по главната улога во филмот „Небото над Берлин“ на Вим Вендерс, а имаше и улоги во двата филмови номиирани за Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје во 2008 година – „Читачот“ и „Бадер Мајнхоф комплекс“.

Во 2004 година ја играше улогата на Адолф Хитлер во филмот „Пропаст“ (Downfall). Ганц мнатата година ја доби германската награда за животно дело „Златна камера“, а добитник е на над 30 престижни европски и светски награди и прзнанија.

Инаку, Бруно Ганц игра и во филмот со работен наслов „Чекај ме/Сведок“ на македонскиот режисер Митко Панов.