Славните со најмногу лајкови на Instagram

0
548

Спортисти, музичари и модели, тоа се славните кои имаат најмногу лајкови на Instagram. Тоа го покажа новата студија на Project Know.

Истражувањето е направено за да се открие како постовите на славните, објавени на Instragram, влијаат врз тинејџерите.

Ова е листата составена според резултатите:

1. Лео Меси, во просек добива над милион лајкови на објава или поточно 1,145.563 лајкови

2. Кристијано Роналдо – 1,126.447 лајкови

3. Селена Гомез – 1,065.909 лајкови

4. Тејлор Свифт – 1,059.970 лајкови

5. Луис Томлинсон – 1,047.075

Меѓу првите 15 се Аријана Гранде, Кајли Џенер, Бијонсе, Деми Ловато, Кендал Џенер, Ким Кардашијан, Дејвид Бекам и други.