Следува период на претежно сончево и многу топло време

0
440

Времето утре сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Во западните планински подрачја попладне ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Т-мин. од 10 до 19, а т-макс. од 31 до 38 степени. УВ=9

Следува период на претежно сончево и многу топло време. И во понеделник во попладневните часови ќе има појава на локална облачност, а во западните делови и услови за краткотраен дожд со ретки грмежи. До среда максималната температура ќе биде без позначителни промени (во интервал од 32 до 39 степени). Уште потопло се очекува да биде во втората половина од наредната седмица кога на места максималната температура ќе достигнува 40 степени.

Без коментари