Следува сончев викенд

0
173

Сончево и ведро претпладне, а попладне ќе имаме зголемена облачност и врнежи од дожд, наместа и поројни врнежи проследени со грмежи и пониски дневни температури.

Македонија и денеска ќе биде под влијание на северно воздушно струење кое предизвикува пад на дневните температури. Најмногу ќе врне во југоисточните делови од земјата, а кон крајот на денот ќе дојде до стабилизирање на временските услови.

Викендов ќе имаме попријатни временски услови – утре времето ќе биде сончево и топло, а попладне ќе бидат можни слаби локални врнежи од дожд, а од недела настапува период од топло, ончево и ведр време, кое во понеделник и вторник ќе донесе максимални дневни температури до 31 степен.